Категории

Топла јагнешка чорба: Ја грее душата и спречува создавање вируси! (РЕЦЕПТ)

Зимата е создадена за топли чорби, а токму таква е оваа чорба која ќе стане ваша омилена во текот на студените денови.

Состојки:

  • 400 гр јагнешко месо
  • 2 моркови
  • 1 корен магдонос
  • 1 помал корен целер
  • 1 поголем праз или 2 главици кромид
  • 1 зелена пиперка, може и 1 свеж излупен домат на коцки
  • 1 жолчка
  • 2 лажици павлака
  • 1 лажица брашно
  • масло
  • неколку листови ловор
  • бибер во зрно или мелен
  • сол
  • лист од магдонос

Подготовка:

Еден морков изрендајте и пропржете го на масло, потоа ситно исечкајте го празот или кромидот и додадете го морковот па динстајте. Целерот, магдоносот, пиперката исечете ги на сканата големина и додадете ги.

Ако сакате можете да ставите и домат. Потоа додадете го месото на коцки, ловоровиот лист, бибер во зрно и малку пиперка. Налијте со вода и варете.

Кога месото и зеленчукот ќе се сварат, процедете ги и одвојте го месото, а чорбата вратете ја на шпорет. Лажичка брашно разматете ја со млака вода или млеко и додадете ја чорбата и пуштете ја да врие 2-3 минути. Додадете зачин сол и мелен бибер.

Во поголема чинија ставете ја жолчката во павлаката, и добро измешајте. Полека додавајте жешка чорба со кутлача и брзо матете да не се направат грутки. Додадете го магдоносовиот лист и вратете го зеленчукот и месото во чорбата и сервирајте. Во чинијата може да додадете и неколку капки лимонов сок.

Прегледи:
529
Објавено на:
13.02.2019