Категории

Торта со јаболко и мус од ванила: Комбинација на вкусови која ќе ве фасцинира!

Ако сакате да се почестите со сезонски десерт, овој рецепт е вистински избор за вас.

Состојки за бисквити:

  • 2 поголеми јајца
  • 40 г шеќер
  • 1 лажица мед
  • прстофат сол
  • 45 гр брашно

Состојки за јаболките:

  • 3 кисели јаболки
  • 50 гр шеќер
  • 2 лажици мед
  • прстофат сол
  • сок од пола лимон
  • 1 пудинг од ванила
  • 200 мл млеко

Состојки за мус:

  • 10 гр желатин
  • 50 мл вода
  • 200 мл млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • 2 големи жолчки
  • 200 гр бело чоколадо
  • 400 мл павлака за шлаг

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови
  • На две хартии за печење исцртајте кругови (еден од 26 цм, а другиот 15 цм).
  • Ако имате калапи за торта со тие димензии, тогаш намачкајте ги, обложете ги со хартија за печење и печете во нив.
  • Изматете ги јајцата, шеќерот, медот и солта на силна брзина и матете барем 6, 7 минути.
  • Лесно измешајте го и брашното.
  • Бисквитите распоредете ги на исцртаните кругови.
  • Печете 8-10 минути, односно додека бисквитите не добијат златна боја.
  • Кога ќе се испече, оставете го бисквитот да се олади.
Прегледи:
317
Објавено на:
27.09.2019