Категории

Трагедија која ја потресе цела планета: Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Како што јавуваат американските медиуми, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа.

Оваа информација ја пласираше познатиот “TMZ”, а според сознанијата падот на хеликоптерот се случил во Калабасас, Калифорнија во кој страдале пет луѓе вклучувајќи го и Брајант.

Коби Брајант од 1996. до 2016. играше за Лос Анџелес Лејкерс. Пет пати ја освои НБА лигата, два пати беше MVP на НБА лигата во една цела сезона. Со репрезентацијата на САД ги освои Олимписките игри во Пекинг и Лондон, а беше прогласен и за најдобар кошаркар на сите времиња.

Прегледи:
589
Категории:
Кошарка · Спорт
Објавено на:
26.01.2020