Трајче го освојува светот, ќе настапува во Америка

Трајче Ѓоргиев добил покана да учествува на музичкиот фестивал „Најдобра песна на светот за 2016“, кој се одржува на годишно ниво во Лос Анџелес, САД.

Трајче ја потврдил веста со најава дека деновиве ќе ја сними својата песна, која ќе ја отпее на фестивалот. Композицијата ќе биде на англиски, но ќе има и македонска и српска верзија.

Поканата за младиот струмичанец дошла по минатогодишното учество на „Пинкови ѕвездички“.

Неговиот глас ги освои симпатиите ширум регионот, а неговите настапи ги виделе и челниците на фестивалот во Лос Анџелес, кои потоа и го поканиле.

„Најдобра песна на светот“ ќе се одржи на 9 и 10 септември, а младиот пејач до крајот на овој месец ќе треба да ја испрати својата песна.




Коментари

[fbcomments]