Трансформирајте го духот и телото, вежбајте јога во PowerHouse Pilates!

Хармонијата на телото, психата и душата е основната суштина на јогата. Преку неа се соединуваат и поврзуваат енергиите. Таа помага при зачувувањето на здравјето на организмот и доведува до симбиоза помеѓу телото, умот и духот во една целина.

Јогата вклучува голем број вежби кои даваат позитивен ефект врз целокупното ментално и физичко здравје,  а притоа ве ослободуваат од стресот кој секојдневно се акумулира во вас. Одлуката да се започне со телесна активност е најтешка, но кога еднаш ќе започнете да вежбате јога, нема да можете да престанете.

Во целиот процес на ослободување од стресот и одржување на телесната активност преку вежби за истегнување, потребно е да ве води искусен тренер кој на правилен начин ќе ја насочи позитивната енергија кон вас и ќе направи да се вљубите во јогата уште на самиот почеток.

Токму тоа, и многу повеќе ќе добиете на часовите по јога кои се одржуваат во добропознатиот центар за пилатес PowerHouse Pilates, со инструкторката Инес Стефановска. Секој понеделник и среда со почеток во 20 часот во студиото лоцирано во Дебар Маало може да бидете дел од овие часови и редовно да започнете да ја практикувата јогата како начин на живот. Аштанга јогата ќе ви помогне да се ослободите од секојдневниот стрес и да се поврзете со самите себе зајакнувајќи го телото и духот.

Постојат безброј причини за да започнете да вежбате јога, а PowerHouse Pilates е местото каде што ќе ги добиете потребните услови за вистинско уживање во часовите по јога, а покрај тоа имате можност за динамични вежби и уште поголеми ефекти комбинирајќи го пилатесот со јогата во различни денови од неделата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Како основачи на пилатесот во Македонија и повеќегодишната успешна работа,  PowerHouse Pilates и оваа година ќе го крунисаат успехот со традиционална забава, во четврток, овој пат во клубот Intermezzo заедно со многубројните членови, соработници и љубители на спортот и здравиот начин на живот.




Коментари

коментари