ТРЧАЈТЕ ПО СОНИШТАТА, А НЕ ПО ЛИЧНОСТА КОЈА НЕ ВЕ ЗАСЛУЖУВА

Во моето срце нема место за чувството кое сакаш да ми го наметнеш. Љубовта нема влез ниту во десната комора, а уште помалку во левата предкомора од моето срце.

Сакам да си го живеам животот онака како што ќе ми дојде на памет.

Без ти да се мешаш овде и да ми кажуваш што е добро, а што не. Брзо ми здосадува од работите како и од луѓето.

Според мене најдоброто што можеш да го почувствуваш е среќата. Не дека немам срце и сум бесчувствителна, но знаеш каде се оние девојчиња полни со љубов во очите?

Си седат дома со скршени срца.

Ништо не трае вечно, како и таа нивна вистинска љубов на оние девојчиња или тој што ти го ветува тоа.

Јас преферирам трчајќи по соништата и авантурите отколку по личностите. Не сакам да сум од оние кои даваат се за нешто што не вреди.

Сепак како и љубовта и среќата не трае вечно, но во спротивното љубовта е дефинитивно губење време и мозок.

Трчај по соништата, а не по личноста која не би ја ставила ниту насмевката на своето лице за тебе.

Круната која ја носиш е повредна од таа личност милион пати.

И.К.




Коментари

[fbcomments]