Знаете ли која е функцијата на трепките?

Научници од Џорџа Тек ја спроведоа првата аеродинамичка студија на трепки, проучувајќи 22 различни видови цицачи, за да откријат каква улога имаат.

Студијата објавена во списанието Journal of The Royal Society беше спроведена на животни кои се разликуваат од големина на јазовец до жирафа.

Беше откриено дека влакната на трепките имаат должина еднаква на третина на ширината на окото, а на таа должина тие ефективно го намалуваат испарувањето на влагата од окото и спречуваат влегување на ситни честички во окото, јави International Business Times.

Да се подолги или покуси, би биле нефункционални во наведената смисла, открија научниците во текот на истражувањето.

Трепките поточно служат и како препрека на струење на воздухот кон окото, затоа што го забавува и спречува сушењето на окото.

Но, ако се предолги, тогаш ја губат таа функција и всушност само ја влошуваат состојбата, така што должината на трепката која ја имаме е толкава колку што треба да биде.




Коментари

коментари