Третиот ден од Божиќ се прославува Свети Стефан: Прочитајте што треба да направите!

Третиот ден од Божиќ се слави Свети Стефан, крсна слава на голем број православни христијани и првата слава во годината.

Св. Стефан бил Евреин и роднина со апостол Павле. Прв е од седумте ѓакони кои светите апостоли ги поставиле на служба околу помагањето на сиромавите во Ерусалим. Затоа е наречен и архиѓакон.

Св. Стефан е првиот христијанин кој страдал за Господ и затоа се нарекува Првомаченик. Телото на Свети Стефан кришум го земал и го погребал на својот имот христијанинот и кнезот еврејски Гамалил.

Народни верувања и обичаи на Св. Стефан

Св. Стефан секогаш се прославува на 9. јануари, третиот ден од Божиќ и е една од поголемите слави кај нашиот народ. Најпроширеаниот обичај е на овој ден да се изнесе божиќна слава од домот, која поради верувањето во нејзината плодотворна моќ, најпрво внимателно изметена и собрана, се остава во штала, земјоделски објекти, овоштарник или меѓу пчели, поради постигнување род или напредок.

Метлата со која се мете божиќната слама не се користи во текот на годината, само се чува за здравје.




Коментари

коментари