Третман со врели масла за хидратација на косата кој ќе направи чуда

Секоја жена сонува за бујна коса како од рекламите


Ако внимателно и грижливо ја негувате вашата коса тогаш сигурно сте чуле за третманите со врели масла. Овој тип на третмани има многу бенефиции и затоа ја стекна својата популарност, без оглед на тоа каков тип на коса имате. Најдобрата работа е тоа што можете да го правите и сами во својот дом.

Што претставува овој третман?
Како што можете да погодите, третманот со врели масла подразбира да ја натопите косата во полузагреани масла со цел да ги добиете сите бенефиции од нив. Третманот со врели масла можете да го правите со различни врсти во зависност од тоа кој ефект сакате да го постигнете.

За оштетена коса се препорачува употреба на кокосово масло кое ги потхранува оштетените влакна и помага во нивна регенерација.

За коса која е ослабната од надворешните влијание како промена на клима и изложување на сонце, се препорачува употреба на сончогледово масло, маслиново, масло од рицинус, и арганово. Исто така може да се користат и сите заедно во комбинација.




Коментари

коментари