Трговски центар со гејминг-кабини за мажите додека жените се на шопинг (ВИДЕО)

Во трговски центар во Шангај има неколку гејмерски станици за сопрузи кои не можат да поднесат шопинг.

Овие кабини се идеални за мажите на кои бргу им досадува купувањето или немаат трпение да ги чекаат жените додека купуваат. Компанијата Ruwo Smart Technology изјави дека илјадници мажи почнале да ги користат овие станици и пријатно се изненадени од позитивниот став на клиентите кон нивните гејмерски капсули.

Гејминг-станицата е застаклена кабина со голем екран и видеоигри. Стаклото не пропушта звук со цел да не им го попречува искуството ниту на купувачите ниту на играчите – идеално решение за потенцијалните брачни расправии.

 

Извор: Макфакс




Коментари

коментари