Три начини за брзо спречување на главоболка

Без разлика дали се масирате сами или тоа го прави некој друг, најважно е да се ориентирате на местото каде што започнува болката и со разните движења да се воспостави циркулација за да се смали болката.

Масажата на глава е една од најстарите терапии во лечењето на мигрена и обични главоболки, а најдобро делува ако се забележи веднаш по првите симптоми.

1. Масажа на врат и крвни садови

На ова место до главоболка најчесто доаѓа поради неправилното држење и стеснување на крвните садови. Иако може и сами да се измасирате, значајно е да имате некој кој ќе ви помогне во тоа. Со цврсти движења на прстите се почнува од дното на вратот до самата база на главата, каде што се масира со кружни движења.

2. Масажа на подрачјето на слепоочниците

Иако главоболката најчесто се јавува малку над слепоочницата, масирањето на делот на главата на самата ивица каде што расте косата може да биде многу корисно при тензични главоболки во комбинација со чувствителноста на светлина. Движењата треба да бидат нежни, спори и кружни.

3. Масажа за болка над очите

Кај ваквиот вид на болка честа причина се синусите, а олеснување носи точката околу носот и кај коренот на веѓите. Бидејќи тоа подрачје е нежно, потребно е нежно да ги притискате чворовите кон надворешниот агол на окото.




Коментари

коментари