Три рецепти кои ќе ве натераат да го засакате карфиолот

Многу луѓе не го сакаат вкусот на карфиолот, но доколку знаете како да го подготвите, може да ви стане ново омилено јадење.

Супа од карфиол

Состојки:

  • 1 поголем карфиол, поделен на помали парчиња
  • 2 компири
  • сол и бибер
  • леб
  • сланина

Подготовка:
Исечете го карфиолот на помали парчиња, компирот во коцки, па варете ги заедно во солена жешка вода додека не станат меки. Зачувајте околу три децелитри од водата и исцедете го зеленчукот. Потоа вратете ја водата и продолжете да готвите. Додајте сол и бибер и оставете ја смесата да зоврие. Во меѓувреме исецкајте ја сланината на тенки парчиња и печете ја со лебот, додека не станат крцкави. Додадете ги сланината и лебот во супата и уживајте.

Похован карфиол

Состојки:

  • 1 карфиол
  • 2 јајца
  • 100 гр брашно
  • 100 гр презла
  • сол и бибер

Подготовка:
Исечете го карфиолот на мали парчиња, додадете сол и бибер. За поховање прво го ставате во брашно, потоа во јајца, па на крај во презла. Пржете додека не добиете златна боја.

Салата од карфиол

Состојки:

  • 1 карфиол
  • 3 чешниња лук
  • маслиново масло
  • свеж магдонос
  • сок од еден лимон
  • сол и бибер

Подготовка:

Исечете го карфиолот на мали парчиња и варите го во солена вода околу 20 минути. На малку маслиново масло испржете го лукот и додадете го карфиолот. Динстувајте и оставете да се излади. Додадете уште малку маслиново масло, сок од лимон, сол, бибер и свежо сецкан магдонос.




Коментари

[fbcomments]