Категории

Трик како лебот да остане свеж со денови

Во Фејсбук група каде што се споделуваат совети за семејна исхрана, една мајка сподели како да го зачувате лебот подолго свеж.

Секој од нас сака нашите намирници да траат што е можно подолго и со тоа да избегнеме непотребно одење во продавница. Една мајка го сподели својот одличен совет за одржување на свежината на лебот и воодушеви многумина.

Во групата на Фејсбук, која споделува совети за семејната исхрана, таа сподели како да се чувава лебот свеж подолго, а потребно е само едно – целер.

Научив на ЈуТјуб, ако ставите парче целер во вреќа со леб, останува подолго свежо. Го испробав тој трик и леботиздржа десет дена. Не знам како функционира, но навистина делува – напиша таа.

Лебот ја апсорбира влагата од целерот што спречува сушење на лебот. Оваа мајка додаде и дека целерот не остава вкус на лебот и дека може да се користи со сите видови леб.

Прегледи:
271
Објавено на:
04.05.2021