Трикови со кои се служат трговците за да ја зголемат продажбата

Сигурно сте забележале дека портокалите во маркетите често се продаваат во црвена мрежа. Зошто е тоа така?

Причината за ваквото пакување на портокалите не е случајна. Црвената мрежа ги прави да бидат порумени, а со самото тоа и повеќе посакувани, па веројатноста дека ќе ги купите е поголема.
Трговците се служат со трикови и кога се работи за пакување на други видови на овошје.
Не е случајно ни тоа што корпите за пазарење во продавниците се се поголеми.
Мартин Линдстром, автор на книгата која ги проучува триковите на трговците, истакнува дека со поголеми корпи се купуваат 19% повеќе производи.


Еден од начините да се зголеми продажбата е и фрижидерите со млеко и млечни производи да стојат на крајот на продавницата, па купувачите да се одлучат за уште некој дополнителен производ кој ќе го сретнат во меѓувреме, додека одат до намирниците кои секојдневно ги купуваат.




Коментари

коментари