Категории

Трикови за готвење кои ќе ви помогнат низ животот

Сите сакаме храна,  но не сме сите многу вешти во нејзината подготовка. Тоа го докажавме и со неодамнешната објава за експерименти во кујната кои очајно пропаднале. За да не ви пропаѓаат цело време експериментите, следете ги овие интересни трикови и совети кои ќе ви помогнат во кујната. 

  1. Наместо сол, користете соја сос за подобар вкус. Плус, не само што ќе добиете подобар вкус, туку и ќе добиете помалку концентриран содиум – што е поздраво
  2. Може да ги користите и стеблата од брокулите. Излупете ги, иссецкајте ги и испржете ги во тавче.
  3. Минимум 2 чешниња лук во секоја храна.
  4. Не пржете со екстра девствено маслиново масло, само со обично.
  5. Следете ги чекорите кои објаснуваат кога конкретно да додадете сол. Многу менува дали солта е додадена на почеток или при крај.
    Useful-Cooking-Tips
  6. Ништо не почувајте во ладна рерна или тава. СЕКОГАШ загревајте ги однапред.
  7. Не купувајте однапред маринирано месо. Обично се старо месо, „спасено“ со маринадата, за да се затскрие староста и можеби и миризбата.
  8. Неколку капки лут сос можат многу да го променат вкусот на намази, дипови и слично. Не премногу, за да биде лут намаз, туку буквално само колку да даде „шмек“.
  9. Кога правите сос за тестенини, ставете малку од водата во која сте ги вареле тестенините, во сосот. Сосот ќе се врзе подобро со тестенините.
  10. Наместете ги чери доматите помеѓу две пластични капачиња за да ги иссечете наеднаш. Така ќе иссечете барем 15-20 едновремено, наместо секое посебно.
    Useful-Cooking-Tips
Прегледи:
137
Категории:
Гастрономија
Објавено на:
01.11.2020