Трикови за коса кои секој мора да ги знае

Косата е важен дел од нашиот изглед и на неа треба да се посвети посебно внимание и грижа. Ова се некои трикови кои (ако не сте ги знаеле) ќе бидат голем плус во вашата рутина.

Виткајте од средината. Доколку сакате локни и за тоа се служите  со пегла или фигаро, прамените виткајте ги од средината. Не само долнот дел или од коренот, со виткањето од средина го избегнувате целосното оштетување на косата, а фризурата ќе ви остане подолго.

Не ставајте балсам на коренот. Доколку имате нормална или масна коса, ставањето на балсам на коренот само ќе ви ја спласне косата. Секако ќе биде зголемено и мрсењето, затоа фокусирајте се на долниот дел од косата.

Маслата ги „маскираат“ расцветаните врвови. Било кое масло ќе ви заврши работа, само две три капки нежно нанесете на сувите врвови и тие ќе сјајат.

Не ја туткајте. Ова особено доколку сте физички активни. Не ја врзувајте како што ќе ви дојде, згужвана и прекршена, наместо тоа, внимателно исплетете ја или фатете ја, зацвртете со шнола. Косата ќе ви биде благодарна, а вие нема да се мачите со хаосот кој го создава невниманието.

Спреј за расплеткување пред миење на косата. Доколку имате густа и тешка коса која лесно се заплеткува, пробајте со спреј за расплеткување да ја напрскате пред да ја измиете. Испрскајте и убаво рашчешлајте ја пред да ја измиете, ќе си ја олесните работата и ќе изгубите помалку коса при отплеткувањето.

Направте маска за коса сами. Многу лесно од намирниците во кујната може да направите маска која ќе биде одлична за вашата коса. Комбинирајте кокосово масло со авокадо или банана. Оваа комбинација е одлична.

Ставете лак за коса на шнолите. Малите црни шноли што секогаш се при рака за било која фризура се малку лизгави. Трикот е да им ставите лак за коса пред да ги ставите на коса.




Коментари

коментари