Категории

Трите најважни личности кои морате да ги пронајдете во животот

Суштината на животот се крие во поврзаноста со луѓето поради кои учиме нови нешта и растеме. Иако секој кој ќе се појави во нашиот живот со себе носи и лекција која мораме да ја научиме, некои односи се едноставно многу попосебни од другите.

„Барам пријатели. Што значи тоа припитомување?
„Тоа е нешто што е одамна заборавено“, рече лисицата. „Тоа значи да се создаде врска..“
„Да се создаде врска?“
„Секако“, рече лисицата. „Ти си за мене смао мало дете слично на стотина други деца. И ти не ми си потребен. А нити јас тебе. Јас сум за тебе само лисица слична на стотина други лисици. Но, ако ме припитомиш, ќе бидеме само потребни еден на друг. Ти за мене ќе бидеш единствен на светот. Јас за тебе единствена на светот..“ – значењето на меѓучовечките односи е совршено објаснето во „Малиот Принц“.

Ова си три типа на врски кои мораме да ги сретнеме во нашиот живот:

1.Сродна душа
Сродната душа е некој кој се вклопува во вашата душа како парче од слагалица. Покрај нив никогаш не ви е непријатно и незгодно, нити имате потреба да одморите од нив. ТОа не значи дека во тој однос нема расправии и несогласувања, но тие расправии само го зајакнуваат односот.
Сродната душа не мора да биде партнер, иако луѓето најчесто помислуваат на тоа кога прво ќе го слушнат овој термин. Сродната душа може да биде мајка, сестра, најдобар пријател, колега, сосед..

2.Ваше огледало
Огледалото е личност која зборува за сите нешта онака како што тие навистина се, без разубавување. Тие ќе ви ја „плеснат“ вистината во лице, дури и кога знаат дека тоа ќе ве заболи.
Бидејќи не им е грижа како се чувствувате, ви кажуваат нешта кои оставаат силен впечаток и ве променуваат суштински.
Тука не се работи за подмолни личности кои сакаат да ве повредат, туку за суштински искрени личности кои не се грижат за никакви норми, туку сакаат да ви укажат кога нешто не е во ред, се однесувате неприфатливо или се движите во погрешна насока.

3.Чувар
Тој е вашиот ментор, учител и водич. Од него црпите инспирација, охрабрување и животни лекции. Тоа може да биде член од семејството, тренер, професор од факултет, и уште многу слични личности. Тој е некој кој ве инспирира да го давате најдоброто од себеси, и колку е подлабока вашата врска со него, помалку ќе зборувате за секојдневните ситници, и вашето внимание ќе биде насочено на големите животни вистини.

Прегледи:
414
Објавено на:
21.12.2019