Категории

Трогателен гест: Пинк го прекина концерот, се симна во публиката за да прегрне обожавателка! Погледнете зошто! (ВИДЕО)

Планетарно познатата пејачка Пинк, го прекина својот концерт кој се одржа во понеделникот, за да го прегрне девојчето во публиката чија мајка неодамна починала.

Лија Марфи и нејзината мајка планирале да одат заедно на концерт, но нејзината мајка починала пред да успеат да ја остварат својата желба. Девојката на концертот дошла со својата тетка која и помогнала да направи постер на кој пишува дека се надева дека пејачката ќе го забележи.

Откако Пинк го забележала постерот, се симнала од бината прегрнувајќи ја девојката и велејќи и дека се ќе биде во ред, а присутната публика со аплауз го поддржала овој гест.

Прегледи:
364
Објавено на:
27.08.2018