Категории

Трогателни приказни од само 6 збора: „На продажба се детски чевли. Неносени.“

Дали е можно со само 6 збора да се раскаже приказна која има заплет, пресврти епилог, приказна која буди емоција? И тоа како! Еднаш одамна, Ернест Хемингвеј се обложил дека може да напише најкратка најтрогателна приказна на светот. Ја добил опкладата: „На продажба се детски чевли. Неносени.“

Оттогаш многумина се обидувале да го повторат подвигот на Хемингвеј и да напишат приказна од 6-7 зборови кои ќе го погодат читателот во срце.

Странци. Пријатели. Најдобри пријатели. Љубовници. Странци

„Погрешен број“- ми рече познат глас.

Јас запознав сродна душа. Таа –не.

Ѝ донесов букет ружи… но доцна. Клучевите не одговараа.

Скокнав. И потоа се предомислив.

Педесетгодишнина ни е. Маса за еден молам.

„Штотуку венчани“ пишуваше на смачканиот ветробран.

Го прифаќате ли враќањето на вереничкиот прстен?

Нашата спална соба. Два гласа. Чукам.

Збогум, контроло на летање. Благодарам што се обидовте.

Денес на мајка ми повторно и кажав кој сум.

Прегледи:
162
Објавено на:
28.01.2022