Трогателно видео: Мало мече не го пушта човекот кој го спасил од пожар!

Деновиве сме сведоци на огромните шумски пожари во Сибир, кои и покрај интензивните интервенции на руските воздухопловни сили, сепак не стивнуваат, во кои изгореа илјадници хектари шума и десетици илјади диви животни.

Видеото кое ќе го видите подолу нема да ве остави рамнодушни. Станува збор за мало мече кое е спасено од пожар од страна на еден човек, а по завршување на опасноста, мечето не сака да го пушти човекот и цврсто го држи за ногата. Погледнете како ја покажува својата љубов и благодарност спасеното мече.




Коментари

коментари