Трогателно видео: Ова девојче се бори со дождот за да ја заврши домашната задача откако станаа бездомници со семејството

Ова е трогателен момент кој прикажува девојче кое се бори со дождот за да ја заврши домашната задача пред училиштето на улица, додека нејзината мајка спие покрај неа. На снимката се прикажува Лоренсалие Елејн Долфо, 8, надвор од еден станбен блок во Манила, Филипини. Нејзината мајка Елен (40) и сестрата Александра (4), спијат покрај зградата, откако неодамна станаа бездомници поради болеста на татко и сопругот Џери (42).

И покрај несреќните околности, Елејн е решена да ја заврши домашната работа додека се штити со капут за време на обилните дождови и ветрови. Во разговор со минувачот Роландо Вилануева, Елејн изјавила дека сака да биде најдобра во нејзиниот клас за да му помогне на своето семејство.




Коментари

коментари