Трпението е горчливо, но плодовите се слатки!

Среќата ги следи храбрите и оние кои не се откажуваат. 

Сите ние би сакале веднаш откако ќе посееме, да ги собереме своите плодови и да уживаме во нив, но тоа не е така лесно. Потребен е цел процес кој природата треба да го создаде за да постигне нешто толку совршено и вкусно за јадење.
Трпението е горчливо, но плодовите му се вистински слатки. Не постои скратен пат до успехот, нити до тоа како да станете подобра и посилна личност.
Треба да го градите својот карактер, секој ден, постепено. Да се стремите да бидете најдобрата верзија на себеси, а сето тоа се постигнува со посветеност, мотивација и напорна работа.

Никој не станал успешен преку ноќ. Потребно е многу часови, денови, месеци, години макотрпна работа. Преминување на секакви препреки, спротивставување на предизвиците, потребно е многу пот додека да се вкуси сладоста на плодовите од сето тоа, но кога еднаш ќе стигнете до целта, ќе сфатите колку всушност сето тоа било вредно.

Не постои друг начин, освен секој ден, повторно и повторно да пронаоѓате сили за да ги водите битките кои ќе ве одведат до остварувањето на вашиот сон. Среќата ги следи храбрите и оние кои не се откажуваат. Еден ден ќе бидете благодарни за тоа.




Коментари

[fbcomments]