Категории

Целулит, стрии, масни наслаги… Како изгледаат холивудските ѕвезди без фотошоп?

Сите познати личности на своите Инстаграм профили имаат совршени тела, но кога ќе ги пронајдат папараците, можеме да видиме дека реалноста е друга. Некои од ѕвездите му нудат потполно погрешна слика на светот, а вака изгледаат без филтери, фотошоп и кога не се потполно средени. Многу од нив не би ги ни препознале во потполно поразлично издание.

 

Џенис Дикинсон

Иако оваа поранешна манекенка се труди со сите сили да не остари, правејќи пластични операции, годините сепак се гледаат на нејзините нозе.

Ким Кардашијан

На интернет кружат фотографии од оваа старлета, на кои таа има многу нагласен целулит, а гледачите на нејзиното реално шоу имаа прилика да видат и како плаче поради тоа. А вака изгледа Ким на нејзиниот Инстаграм профил.

Клои Кардашијан

Оваа старлета со вежбање го доведе своето тело до совршенство, но сепак целулитот останал на нејзините нозе. Сите имаме прилика да видиме дека сепак, не изгледа така на нејзиниот Инстаграм профил.

Скарлет Јохансон

За оваа актерка многумина велеа дека нема маана, но папараците ја „фатиле“ на плажа.

 

Камерон Дијаз

Таа дури има напишано и книга во која го промовира здравиот начин на живот, но кога би ја виделе на плажа, нема да ја препознаете.

 

Кејт Хадсон

На Инстаграм, оваа убава актерка го покажува своето тело без маана. Во реалноста сепак не е потполно така.

Криси Тајген

Една од ретките холивудски убавици која одлучи сама да ги покаже своите стрии, кои ги добила по раѓањето на нејзините деца. Таа на тој начин ги инспирираше жените дека не треба да се срамат од несовршеностите на своето тело.

 

Прегледи:
608
Објавено на:
28.06.2018