Цени ја различноста кај луѓето како што ги цениш различните цветови

Што би било ако на светот постоел само еден вид на дрво или цвет? – Што би било ако сите сме се роделе потполно исти?

Кога ќе отидеш во шума и кога ќе ги погледнеш дрвата, или цветовите.. Околу себе можеш да забележиш различни дрва, некои од нив се свиткани, некои се исправени, некои се раскошни и зелени а некои се обични. И ги гледаш сите нив, и ја прифаќаш нивната различност, им се восхитуваш баш онакви какви што се.

Прифаќаш дека едноставно некои од нив не примиле доволно светлина па затоа останале раззеленети само на едната страна. И не се чувствуваш тажно за тоа, ги цениш поради тоа што се.

А во истиот миг кога ќе се доближиш до луѓето, сето тоа се губи. Постојано се затекнуваш себеси како велиш „Ти си многу ваков, или ти не си онаков..“
Судењето започнува. Наместо да го правиш тоа, почни да ги посматраш луѓето како и дрвјата. Почни да ги цениш онакви какви што се.




Коментари

[fbcomments]