Цитати на Робин Вилијамс: Кога жените би владееле, не би имале војни, само преговори на секои 28 дена

Актерот Робин Вилијамс почина 2014. година, а ние секогаш ќе се сеќаваме на неговиот хумор и мудрите зборови.

„Некогаш мислев дека најлошото нешто во животот е да останеш сам на светот. Не е. Најлошо е да завршиш со луѓе покрај кои се чувствуваш потполно сам.“

„Мислам дека најтажната личност секогаш се обидува да ги усреќи луѓето, бидејќи знае како е да се чувствуваш бескорисно и не сака никој друг да се чувствува така.“

„Ќе поминувате низ лоши периоди во животот, но секогаш ќе ве освестат нештата на кои најмалку обрнувате внимание.“

„Ве молам престанете да се грижите толку. На крај никој од нас нема долго да остане на Земја. Кога сте под стрес, погледнете го небото и ѕвездите.“

„Во триесеттите имав криза на средни години. Кога наполнив 50, сѐ беше во ред. Тогаш сфатив: сѐ е одлично, сега дојдов до точката кога животот не е борба.“

„Што е исправно. Тоа е она што останува откако сѐ ќе направите погрешно!“

„Кога ќе снимам лош филм, сите ме прашуваат: „Зошто го направи тоа?“ Не можам да им кажам дека во тој проект сум влегол поради добрите луѓе. Секогаш постои нешто што вреди да се направи сето тоа.“

„Не си совршен. Ни оваа девојка која ја запозна не е совршена. Но, прашањето е дали сте совршени еден за друг.“

„Фантазијата сама го наоѓа патот. Израснав како единец, така што фантазијата беше неопходна, како механизам за преживување.“

„Има многу нешта за учење. И грешките можат да бидат прекрасни.“

„Ако ви е дадена само мала искра лудило – не смеете да ја изгубите никако!“

„Без обзир на тоа што ви кажуваат другите, зборовите и идеите може да го променат овој свет.“

„Кога жените би владееле не би имале војни, само интензивни преговори на секои 28 дена.“

„Никогаш не се расправајте со лута личност бидејќи таа нема што да изгуби.“




Коментари

[fbcomments]