Цитати од Битлси кои покажуваат зошто нивната музика предизвика револуција!

Англискиот рок бенд „Битлси“, беа формирани во британскиот град Ливерпул, во 1960-тите. Бендот беше составен од четири членови Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар, а за нивната релативно кратка кариера (од 10 години) брзо станаа највлијателни во историјата.

“Битлси” се на врвот на топ листите за најдобро продаваниот бенд во историјата, а продажбата во светот се проценува дека изнесува над 800 милиони плочи. Тие се исто така најпродаваните музички уметници во САД, со продадени 178 милиони плочи.

Нивната музика започна со слатки љубовни песни како “I wanna hold your hand” и “love me do”, но нивната подоцнежна музика имаше многу повеќе политички и револуционерен тон со песните како “Revolution”, “All you need is love” и “Imagine” од соло кариерата на Џон Ленон.

Ова се најдобрите цитати кои произлегоа од песните и изјавите на Битлси:

1. „Кога имав 5 години, мајка ми секогаш ми велеше дека среќата е клучна во животот. Кога тргнав на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав „среќен“. Ми рекоа дека не сум ја сфатил задачата, а јас им реков дека не го сфаќаат животот.“

2. „Ја добиваме љубовта како скапоцен подарок, но љубовта е драгоцено растение. Не може само да ја прифатиме и да ја оставиме некаде да се грижи самата за себе. Мора да ја наводнуваме. Мора да се грижиме за неа и да ја негуваме.“

3. „Постојат две основни мотивациони сили: стравот и љубовта. Кога сме исплашени, се повлекуваме. Кога сме заљубени, се отвораме кон сѐ што има да ни понуди животот со страст, возбуда и прифаќање. Мора да научиме најпрво да се сакаме себеси, со сите доблести и недостатоци. Доколку не можеме да се сакаме себеси, не можеме целосно да се отвориме кон способноста да ги сакаме другите или кон потенцијалот за креирање. Еволуцијата и сите надежи за подобар свет се наоѓаат во бестрашноста и визијата за луѓе со отворено срце кои го слават животот.“

4. „Верувам во сѐ, се додека не се докаже спротиввното. Затоа, верувам во бајки, во митови, змејови. Сето тоа постои, па дури и ако се наоѓа само во умот. Кој има право да каже дека соништата и кошмарите не се вистински во однос на сегашноста?

5. „Не е важно кого сакаш, каде сакаш, зошто сакаш, кога сакаш или како сакаш, важно е само да сакаш.“

6. „Живееме во свет каде што мора да се криеме за да водиме љубов, додека насилството се практикува сред бел ден, насекаде.“

7. „Замислете да нема земји. Не е тешко да се замисли тоа. Да нема кој и за што да се умре. Да не постојат религии.“

8. „Не ме интересираат многу парите, парите не можат да ми купат љубов.“

9. „Сѐ што ви треба е љубов.“

10. „Нема да го променам изгледот или чувствата за да одговарам на некои стандарди. Отсекогаш сум бил фрик. Јас сум фрик целиот мој живот и морам да живеам со тоа. Јас сум еден од тие луѓе.“




Коментари

коментари