Цитати за вистината, животот и тајните од делото на Ј.Б.Алимпиќ – „Писмото на г-ѓа Вилма“

Целосно препуштена на творењето, Јелена Бачиќ Алимпиќ, претходно позната како новинар и водител, стана автор на неколку бестселери кои и донесоа слава како во овој регион, така и во делови на Европа. Истакнувајќи ја приказната до едно врвно ниво успева да се претопи во судбините на ликовите кои ги креира и да остави трага зад себе.

Во „Писмото на г-ѓа Вилма“ ги обединува минатото и сегашноста, ја обелоденува животната вистина и плови низ страниците на врз кои е запечатена една семејна тајна. Пред вас се неколку цитати од делото кое навистина, без сомнение,  го заслужува вашето внимание.

„Сиот живот ги изучував животите и делата на книжевните великани. Ги знаев најситните подробности од нивните животи, а не го знаев своето потекло. Бев спремен да нурнам во животите на други, но се плашев да нурнам во сопствениот..“

„Секое семејство крие свои тајни. Некои, меѓутоа, подобро е да останат закопани.“

„На овој свет ништо не може да биде речено за да биде сфатено така како што е речено, и што е уште полошо, ништо на овој свет не може да биде направено за да се сфати така како што е направено.“

„Нас не може да не убие смртта. Нас само животот не убива.“

„Љубов е љубов, шега е шега, но секогаш е тишина кога ќе умре мало рипче.“

„Ако молчам за мојата тајна, таа е мој заробеник; ако ја изустам, јас сум нејзин заробеник. Дрвото на молчење носи плодови на мирот!“




Коментари

коментари