Цицерон – додека дишам, се надевам!

Марко Тулиј Цицерон бил римски политичар, адвокат и филозоф. Потекнувал од богато семејство. Се смета за еден од најголемите оратори и прозни стилисти, а во продолжение може да прочитате дел од неговите моќни мисли.

 

1. Секое живо суштество се сака себе си.
2. Додека дишам, се надевам.
3. Хартијата може да издржи сѐ.
4. Разумот е господар и крал на сѐ.
5. Човекот го препознаваш по неговите дела.
6. Кај повеќето работи, најдобра е средината.
7. Кога злото ќе земе замав, станува се посилно.
8. Слободата е можност да живееш како сакаш.
9. Сѐ уште не се родил некој кој е задоволен со тоа што го има.
10. Ништо не останува засекогаш непроменето.
11. Убавината ги привлекува погледите.
12. Тој што одбива добар совет си штети самиот на себеси.
13. Што е послатко од тоа да имаш некој со кого можеш да разговараш како со самиот себеси?
14. Постојат премногу будали.
15. Секој треба да мисли со своја глава.
16. Променливоста е својство на среќата.
17. Во еден брод се сите.




Коментари

коментари