Цреши- подарок од природата со недолив вкус и мирис на здравје

Црешите се слатко задоволство кое со нетрпение го очекуваат многумина и во него уживаат сите генерации. Меѓутоа, црешите освен што се вкусни, позитивно влијаат на здравјето.

Црешите се богати со витамините А,Б и Ц, биофлавониди,мелатонин,антоцијанин. Овие состојки помагаат во борбата против канцерот, во превенција од кардиоваскуларни болести, ги намалуваат болките предизвикани од артритис,главоболките. Црешите исто така се корисни за намалување на менталната и физичка исцрпеност.


Според истражувањата, флавонидот со кој се богати црешите има анти канцерогени својства и помага во превенцијата од срцеви болести.
Антоцијанинот ги блокира ензимите на воспалението и ги намалува болките. Конзумирањето на 20 цреши има 10 пати поголемо дејство од аспирин и има позитивни ефекти при гихт и болки од артритис.




Коментари

коментари