Црвен Крст на град Скопје дел од „Exit Festival“ во Нови Сад

Фестивалот Exit во Нови Сад со години претставува голем настан кој се одржува во текот на летото каде што се ссобираат љубителите на најразлични видови музика, уживајќи во целодневните музички агенди.


За настаните кои собираат масовни групи на луѓе неопходна е медицинска поддршка. Токму затоа, и оваа година Црвен Крст на град Скопје, испрати двајца искусни волонтери, лекар и парамедик да бидат дел од овој голем музички настан, пружајќи ја потребната медицинска поддршка за време на фестивалот. Тие беа дел од тимовите за Прва Помош од Р. Србија. Соработката со други Национални друштва во регионот е на одлично ниво и ваквите размени одат во насока на размена на искуства но и меѓусебна поддршка.

Црвен Крст на град Скопје уште еднаш докажаа дека секогаш се подготвени да помогнат онаму каде што е потребно, како во својата држава, така и на меѓународно ниво!




Коментари

коментари