Категории

Црвени кадифени мафини со сливи (РЕЦЕПТ)

Вкусни мафини полнети со суви сливи – мала варијација на тема на популарната торта.

Состојки:

  • 150 мл кефир
  • 120 гр путер
  • 1 јајце
  • 250 гр брашно
  • 150 гр шеќер
  • еден ванилин шеќер
  • 1 лажица какао
  • 1,5 прашок за пециво
  • малку сол
  • 40 гр ореви
  • суви сливи
  • сок од цвекло

Можете да ја прилагодите количината на сок од цвекло за да ја постигнете посакуваната боја на тестото, или може да користите црвена прехранбена боја. Готовите мафини може да се полнат со разни филови.

 

Како да направите црвени кадифени мафини од сливи:

 

Истурете го омекнатиот путер во соодветен сад, додадете шеќер, ванилин шеќер, сол и убаво измешајте. Додадете го јајцето и кефирот матејќи постојано. Потоа додадете го брашното, какаото, сецканите ореви и прашокот за пециво, мешајќи додека смесата не се изедначи. Сега постепено додавајте го сокот од цвекло додека не ја постигнете саканата боја.

 

Ставете малку тесто во калапите, а потоа ставете ги сливите во секоја од нив и пополнете го калапот со тесто – треба да пополнат малку повеќе од две третини бидејќи ќе нараснат. Ставете ги во рерната и печете околу 30 минути на 180 степени.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
331
Објавено на:
07.10.2019