Цветните круни се минато, бидете модерна сирена со круна од школки

Цветните круни беа омилени на многумина, а често ги гледавме во летниот период на фестивали и на плажа, но сега нешто ново и навистина прекрасно ни го фати окото. 

Со дизајните на Chelsea Shiels  можете да бидете вистинска модерна сирена, со нејзините круни декорирани со школки, кристали и разни детали сите ќе се чувствуваат како принцезата Ариел.

Модерни, но во бохо стил, овие круни се нешто уникатно, а таа започнала да изработува венчиња бидејќи многу често била задевана за лузната која ја има на своето чело, па сакала да ја покрие.

Сега таа своите производи ги продава на Etsy и создава навистина прекрасни парчиња.

 




Коментари

коментари