Тука и невозможното станува возможно: Нов изглед на вашиот нос за само 10 минути!

Правилниот и симетричен нос е од исклучително значење за изгледот на секој човек. Иако за вкусовите не се зборува, сепак носот може значително да ги промени цртите на лицето.

Доколку не сте задоволни од изгледот и обликот на вашиот нос, сакате да направите промена, а сепак не сте подготвени или не можете да си дозволите пластична операција, отсега имате многу поедноставно и подобро решение за тоа – корекција на носот без хируршки зафат, а тоа ви го овозможува Anti Aging Center by Promoitalia.

Овој елегантен зафат е еден од најпосакуваните зафати со одличен ефект. Инјектирањето на хијалуронски дермални филери може да го израмни кукастиот нос, да ги исправи нерамнините, да го подигне врвот на носот, па дури и оптички да ја намали неговата големина.

Покрај естетските придобивки, многу пациенти кои се увериле во магијата на овој зафат велат дека сега можат да дишат подобро! Поради тоа, се практикува и кај пациенти кои имаат проблем со синусите, девијации и отежнато дишење.

Не дозволувајте да ја изгубите самодовербата поради несовршеностите на вашето лице, посетете го најдобриот центар за разубавување Anti Aging Center by Promoitalia и дозволете професионалци со големо искуство да се погрижат за совршената симетрија на вашиот нос.

Процедурата трае 10 минути, безболна е и резултатите се навистина импресивни. Добро познавање на анатомијата на носот како и искуство во работата ја прават оваа процедура многу елегантна. Посебната техника на аплицирање доведува да нема модрици и отоци и да можете да продолжите со секојдневните обврски веднаш после интервенцијата.

 

Резултатите кои траат до две години се толку добри што оваа метода може да се смета за добра алтернатива на класичната ринопластика имајќи во предвид дека операцијата на носот е една од најтешките операции во естетската хирургија, особено ако мислиме на успешноста на операцијата и задоволството на пациентите. Искористете ја промотивната цена до крајот на месец септември.

Збогувајте се со несигурноста и запомнете – жената со самодоверба може да оствари сѐ што ќе посака!




Коментари

коментари