Категории

Тука имате можност да уживате во најпопуларните коктели во светот

Доколку понекогаш чувствувате потреба да го искористите своето слободно време опуштајќи со се некоја пијачка, тогаш погрижете се да го направите вистинскиот избор. Зошто да не импровизирате, правејќи промена во изборот дозволувајќи си уживање создадено од микс на вкусови?

Коктелите се вистински избор за сите љубители на мешаните алкохолни пијалаци кои содржат три или повеќе состојки кои најчесто се комбинација од алкохолен пијалак, вода, шеќер и кисел или горчлив додаток.

Овие пијалаци покрај изгледот, впечатливите бои, алкохолот и дружењето, нудат посебна страст која предизвикува љубопитност и желба за откривање на нови комбинации и вкусови.

Доколку и вие сте едни од оние кои не се плашат да дегустираат нови вкусови, тогаш вашето слободно време за опуштање и релаксација треба да го поминете во Скај бар на хотел Руссиа.

Ова е местото каде што имате можност да уживате во најпопуларните коктели, подготвени од врвните бармени кои знаат како да експериментираат со потребните намирници, се со цел да се добие совршен вкус.

Ова е листата на најпопуларните коктели во светот, во чиј вкус може да уживате во Скај бар.

1. Мохито – коктел од бел кубански рум, сок од лимон, свежо нане, шеќер, сода и кршен мраз. Мохитото се појавува во Куба помеѓу 1910 и 1920 година, а “Ла Бодегита дел Медио” во Хавана е местото каде што оригиналниот рецепт бил создаден во 1946 година. Името на коктелот е комбинација на зборовите влажно (myadito) и името на кулинарскиот сос (myo), што одговара на карактерот на овој тропски и егзотичен пијалок. За популарноста на овој коктел виновен е писателот Ернест Хемингвеј, кој бил редовен посетител на баровите во Хавана.

2. Куба Либре – овој коктел има многу интересна историја. Имено, кога Американците ја „ослободиле“ Куба од Шпанците, група војници отишле да ја прослават победата во еден бар во Хавана. Еден од војниците нарачал „Bacardi Gold Rum“ со издробен лед, помешан со Кока Кола и лимета. Овој човек ја испил таа мешавина со толкав ентузијазам, што наскоро станала хит.

3. Мартини – овој коктел со сигурност ќе ве потсети на Џејмс Бонд и „Казино Ројал“. Ништо необично, зар не? Доколу сте љубители на џин и маслинки, тогаш мартини е правиот избор за вас.

4. Маргарита – ова е најпознатата пијачка за база на текила. Многу млади жени со име Маргарита тврделе дека се причината за името на овој коктел, но денес се верува дека причината за името е американската актерка Marjorie King. Таа престојувала во Тихуана во 1948 година. За неа подготвиле коктел на база на текила бидејќи била алергична на сите останати жестоки пијалаци. Коктелот го нарекле Маргарита, што на англиски се преведува во името Marjorie.

5. Космополитен – овој коктел прв пат е подготвен во 1980 година, но светската популарност ја стекнал преку серијата „Сексот и градот“. Всушност, токму овој коктел е омилениот пијалак на Кери Бредшо. Постојат неколку верзии на овој коктел, но веруваме дека сите оние кои се љубители на коктели на база на водка ќе уживаат во Космополитен.

Одвојте време за одмор и релаксација по завршувањето на секојдневните обврски и уживајте во панорамскиот поглед и прекрасниот амбиент во Скај бар заедно со најблиските, а сето тоа надополнето со вашиот омилен коктел.

Прегледи:
881
Објавено на:
01.03.2018