Категории

Тука живееа лавот, зебрата, жирафата, слонот, а потоа дојде човекот

Фотографот Nick Brandt неодамна го создал проектот  Inherit the Dust кој претставува збир од моќни фотографии чија цел е да пратат порака за што направила човековата рака за флората и фауната во Источна Африка.

Серијата го претставува денешниот урбан свет и како тој ги замени дивите животни, како слонот, риното и лавовите кои слободно живееле на овие предели со векови. Наместо тоа сега гледаме депонии, фабрики и блокови кои ја нарушија природата, креирајќи хаос.

Говорејќи за проектот, Brandt раскажува за Los Angeles Times: “Ова беше ефективен начин да се покаже нивото на денешната дистопија која луѓето ја создаваат.”

Уметниците како Brandt, кои ја документираат оваа промена која се случува се надеваат дека ќе направат промена. Тоа во што се талентирани го употребуваат за да пратат порака и да ја покренат свеста за тоа што уништува човековата рака.

Прегледи:
524
Објавено на:
27.02.2016