Категории

Туристите го обожаваат Нордлинген: Германски град кој лежи на 72.000 тони дијаманти

Нордлинген е навидум како и сите градови од бајките во сојузната германска држава Баварија, меѓутоа она што се крие во неговите згради и темели, може да го направи едно од најубавите места во светот.

Дијамантите кои ги има низ целиот Нордлинген се формирале од пред околу 15 милиони години, кога астероидот кој патувал со брзина од 25 километри во секунда ја погодил Земјата. Геолозите проценуваат дека карпата била широка околу еден километар (иста величина колку денешниот Нордлинген) и дека била тешка околу 3 милијарди тона.

Метеорот во текот на падот удрил во наслагите на графитот и создал околу 72.000 тона ситни дијаманти кои се користени при изградба на Нордлинген. Во текот на 9. век на тоа место се изградил Нордлинген. Имено, жителите кои го населиле местото не знаеле дека своите куќи ги изградиле на земјиште со најголема концентрација на дијаманти во светот. Мештаните со години мислеле дека кратерот е од вукланско потекло.

Меѓутоа, во шеесеттите години од изминатиот век целата историја на нивното место добила нов тек. Имено, во градот пристигнале двајца американски геолози, Јуџин Шемакер и Едвард Чао, кои по спроведените истражувања дошле до заклучок дека градот не лежи на кратер од вулкан, туку на кратер од астероид со дијаметар од 25 километри.

Ја објасниле и мистеријата на светкавиот камен. На местото каде што удрил метеорот се формирал посебен вид на камен – суевит кој содржи и минијатурни дијаманти. Широки се само 0,2 мм и одвај се гледаат со голо око, а сите куќи се изградени од суевит. Денес жителите на Нордлинген знаат дека живеат на тони дијаманти, но не сакаат да го срушат својот град за да се збогатат. Сепак, нашле најразлични начини да профитираат од својата слава. Туристи од разни краеви во светот доаѓаат за да ја видат оваа светкава архитектура како и музејот кој се наоѓа во градот.

Прегледи:
599
Објавено на:
15.01.2019