Категории

Твоите солзи се скапоцени, не ги троши на безвредни луѓе!

Не вреди да испуштите повеќе нити една солза за нив, само насмевнете им се и завртете им го грбот, нека ја почувствуваат својата незначајност на своја кожа како што тоа им го прават на другите.

Не вреди да плачеш за луѓе кои очигледно се во твојот живот само на поминување. Немој на таквите луѓе да им даваш место блиску до твоето срце затоа што ќе ја направиш најголемата грешка во твојот живот. Не вреди да плачеш за некој на кого очигледно не му е важно тоа како се чувствуваш нити твоите емоции имаат некаква вредност за него.

Оној кој свесно де повредува и не чувствува никаква вина од таа последица, не е доволно вреден за биде причината за твоите солзи. Не вреди на таквите луѓе воопшто да им дозволуваш да држат место во твојот живот кога тоа место никогаш нема да го заслужат нити да сфатат колку е тоа посебно.

Кога знаеш дека тие луѓе се премногу окупирани со себеси и воопшто не ги интересира тоа дали некому нанесуваат болка, ти си оној кој надевајќи се дека можеби нешто ќе се промени, ќе остане измамен и повреден, затоа што тие нема никогаш всушност да сфатат дека направиле нешто лошо. Таквите луѓе кои не се доволно човечни да застанат зад своите дела и да ја превземат одговорноста за она што го предизвикале, се кукавици кои вечно ќе се кријат и ќе ја префрлаат својата вина на другите.

Не вреди да испуштите повеќе нити една солза за нив, само насмевнете им се и завртете им го грбот, нека ја почувствуваат својата незначајност на своја кожа како што тоа им го прават на другите.