Твојата вредност можеш да ја одредиш само ти

Колку книги си затворил и си почувствувал топлина околу твоето срце…

Ако сакаш да ја процениш својата вредност во бројка, тогаш можеш да го направиш тоа така што ќе изброиш колку пати си се смеел толку што ти потекле солзи, или колку книги си затворил и си почувствувал топлина околу твоето срце.

Или по бројот на луѓето кои се благодарни што те имаат во својот живот, или бројот на слатки кои можеш да ги издеш во еден здив. Твојата вредност може да се измери преку бројот на места кои си ги посетил и направиле да ти трепери срцето..

Колку пати си бил воодушевен гледајќи ги прекрасните бои на зајдисонцето и колку пати си се погрижил за некое напуштено животно на улица. Гледаш, можеш да ја избереш својата вредност, и никој друг не може да одредува колку вредиш, ти диктираш колку си значиш на себеси.




Коментари

[fbcomments]