Категории

Убавата коса не е случајност – зависи од начинот и периодот од денот кога ја миеме

Миењето на косата можеби се чини како една од најлесните задачи кои ги учиме уште како деца, но начинот на кој ја миеме косата и периодот од денот кога го правиме тоа влијаат врз нејзиното здравје и изглед.

Ако ја миете косата пред спиење, можеби сте забележале дека наутро ви изгледа помасна. Стручњаците велат дека всушност не е масна, туку само така изгледа. Тоа е така поради тоа што во текот на спиењето додека е косата притисната за перницата, а сеуште малку влажна, ќе се спласне повеќе отколку кога би се исушила на нормален начин. Всушности и недостига волумен, па поради тоа изгледа помасна.

Постои уште една причина зошто е подобро да не ја миете косата пред спиење. Мокриот скалп е поосетлив од сувиот, а поради тоа што во текот на ноќта ќе се трие од перницата, поголема е шансата да испукаат врвовите на косата. Доколку сепак не сакате да се откажете од таа навика и продолжувате да ја миете косата пред спиење, тогаш внимавајте на овие работи:

  • Користете благ шампон
  • Избегнувајте тешки регенератори
  • Исчешлајте ја нежно по миењето
  • Ставете на косата нешто за подигање на волуменот
  • Спијте на сатенска или свилена перница
Прегледи:
220
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
17.04.2018