Категории

Убави и негувани раце – Домашен рецепт за крем за заноктици

Подеднакво важна како уредните и чисти нокти се грижата и хидратацијата на кожата на рацете. Убавите и негувани раце ќе ви остават добар впечаток кај соговорникот. Честопати, обичните креми што ги користиме не се доволни, бидејќи на кожата може доста негативно да влијае студот, сапуните, хемикалиите, ветерот итн.

Како резултат на дејството на сите овие фактори се појавува испукана, сува кожа на рацете и кутикулите. Кутикулите исто така може да бидат резултат на недостаток на некои витамини или грицкање нокти,

Доколку ви недостига време и не можете да си дозволите да одите во салон, не грижете се. Подеднакво ефикасен третман можете да направите и дома. Треба да направите маска од 3 состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица рицинусово масло
  • малку крем за раце

Пред да ја користите маската, потребно е да ги натопите рацете во топла вода, а потоа да ги исечете и обликувате ноктите. Турнете ги кутикулите со стапчето кон коренот на прстот, но не ги сечете.

Потоа малку загрејте ги маслиновото и рицинусовото масло, потоа додадете малку крем за раце и соединете ги сите состојки. За да не се извалка постелнината на која спиете, подготвената смеса ставете ја на брис, а потоа завиткајте го секој прст. Нанесете хранлива маска на остатокот од раката, а потоа ставете памучни ракавици. Оставете го преку ноќ, а наутро веќе ќе ги видите резултатите!

Прегледи:
302
Објавено на:
25.03.2022