Категории

Убавина на Венеција во божиќно руво но без туристи

Иако оваа година туристите Божиќ и Нова година нема да ги поминат во романтичната Венеција, градот е веќе празнично украсен.


Плоштадот на Свети Марко и мостот Ријалто над Каналот Гранде и оваа година се украсени, без оглед на тоа што нема да има туристи.

На плоштадот Свети марко, илтаијанскиот уметник Фабрицио Плеси постави дигитална елка, која ја сочинуваат огромни правоаголни екрани кои емитуваат златнии слики. Така сложени една на друга, тие формираат силуета на елка а ноќе светлината ќе се прелива по камените плочи.

На плоштадот на Свети Марко има уште едно негово дело наречено „Златно доба“ кое се наоѓа на прозорците на првиот спрат на музејот Корер, а исто така проектира златна светлина.

Мостот Ријалто е уште еден симбол на градот, и е особено осветлен за Божиќ. Коќа ќе падне ноќ, на неговите сводови се проектираат слики на ангели и прочуениот венецијански Златен лав на црвена позадина што е уште еден симбол на овој град.

Прегледи:
535
Објавено на:
09.12.2020