Чек дис аут
Search

Убавите луѓе немаат среќа во љубовта – зошто е тоа така?

Тоа што сте сѐ уште сами, можеби значи дека сте премногу атрактивни

Новото истражување на универзитетот Харвард покажа дека атрактивните луѓе имаат многу помалку среќа во љубовта отколку оние „просечно атрактивните“.
Ако сеуште не сте научиле дека не смеете да имате ниакво негативно мислење за своето тело и изглед, ова е уште една причина, затоа што се чини дека „помалку атрактивните“ луѓе се многу посреќни во врските од оние кои имаат изглед според замислените стандарди за убавина.

Истражувањето на психолозите од престижниот универзитет Харвард покажа дека физички атрактивните луѓе потешко одржуваат стабилни врски поради низа причини.
Научниците кажуваат дека згодните луѓе за кои се верува дека се им е „сервирано на тацна“, поради нивниот изглед, се помалку задоволни во врските и мислат дека на другите подобро им оди во животот отколку на нив.

-Привлечноста дава можност во поглед на алтернативите кога се во прашање врските па е потешко да се задржи врската од надворешната опасност. Спрема ова, колку повеќе можности имате, тоа е помала шансата дека вашата врска долго ќе трае – кажува водачот на истражувањето, др. Кристин Ма-Келамс.

-Голема е веројатноста дека атрактивните луѓе имаат помали шанси за сериозни врски затоа што потенцијалните партнери стравуваат од конкуренцијата и изборот кој атрактивните луѓе го имаат, – открива психологот.




Коментари

[fbcomments]