Учебната година е на праг! Што ќе изучува принцот Џорџ?!

Почетокот на септември означува почеток на ново девет месечно патување за учениците, каде тие воглавно се подготвуваат за животот кој им претстои.

Кога пет годишниот принц Џорџ ќе влезе во своето училиште Thomas’s Battersea од следната недела, тој нема само да ја изучува азбуката и некои вештини и уметности. Наместо тоа, идниот крал, ќе изучува и основни предмети како математика, англиски јазик, историја, географија, наука и верски студии. Тој исто така ќе има допир и со предметите како француски јазик, компјутери, уметност и дизајн, технологија, музика, драма, па дури и балет. Од Џорџ ќе се очекува да поминува и најмалку десет минути секоја вечер читајќи.

Џорџ исто така ќе ги усовршува и говорните вештини, кои ќе му помогнат за идните кралски говори. Тој ќе рецитира поезија, ќе раскажува приказни  (реални и замислени) и ќе учествува во групни дискусии.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе му помагаат во математичките задачи, кои ќе вклучуваат собирање и одземање, множење и делење, дропки, мерење и геометрија.

Како иден шеф на англиската црква, принцот Џорџ ќе мора да посветува поголемо внимание на часовите по религија, кои ќе вклучуваат проучување на Библијата и Новиот Завет. Тој ќе посетува црква а ќе учи и за јудаизмот.

Тој ќе има и часови по глума, најверојатно од стрина му, принцезата Меган Маркл. Четириесет минути неделно ќе посетува и часови по драма и ќе учествува во фестивали и представи понатаму во годината. Додека пак, триесет и пет минути неделно ќе посетува и часови по балет.

Принцот ќе зема и часови по пливање и гимнастика, а доколку сака ќе може да се приклучи и кон некој спортски клуб.

Бен Томас, поранешен директор на училиштето каде Џорџ ќе учи а сега директор на други училишта, вели дека принцот ќе биде третиран како и секој друг ученик и се надева дека тој ќе се чувствува поддржан во околината. Томас изјавува дека нивна цел е на Џорџ и секој друг ученик да им обезбедат безбедна и среќна средина каде тие ќе се чувствуваат поддржани од љубезна заедница.




Коментари

коментари