„Улични продавници“ кои даваат облека на сиромашните луѓе се појавуваат ширум светот!

Неколку хумани луѓе дошле до идеја да ги поврзат луѓето кои немаат ништо со оние кои имаат многу на еден благороден начин – „Улична продавница“, донирање облека за бездомници. Во оваа продавница сите бездомници можат да ја обезбедат потребната облека сосема бесплатно.

„Нашите канцеларии се во многу позната и популарна област, но исто така таму има многу бездомници. Секојдневно гледаме многу богати и многу сиромашни луѓе поминувајќи по истите улици, но помеѓу нив нема никаква поврзаност. Оние кои имаат се плашат од оние кои немаат и ги игнорираат. Бездомниците го забележуваат тоа и се сосема немоќни и фрустрирани. Оваа акција создава конекција помеѓу едните и другите“, велат од организацијата.
Овој круг на деградација на кој се соочуваат бездомните лица секојдневно е состојбата која што „Уличната Продавница“ има за цел да ја уништи. Тие сфатија дека конвенционалните методи на донаците се неинспиративни, па создадоа нов пристап за решавање на дилемата.

Во јануари 2014, во Кејп Таун, Јужна Африка, се отвори првата успешна „Улична Продавница“. Целата донирана облека била закачена поединечно за да можат бездомниците да ги пребаруваат облеките и да не треба да копаат во кантите. Доброволците им помагале на луѓето да изберат облека. Тоа било комплетен успех. Тие подариле илјада ќеси облеката тој ден.
Оттогаш, во градовите од целиот свет се создаваа непрофитабилни добротворни организации. Со помош на неколку волонтери и некои парчиња картони, уличната продавница може да се појави насекаде во светот. Откако ќе се земаат сите алишта, продавницата се затвора, картоните се собираат и се рециклираат, со што не остава трага од уличната продавница.




Коментари

коментари