Категории

Улично куче кое прекинало уметнички перформанс за да му помогне на „повредениот“ актер! – ВИДЕО

Додека луѓето го гледале овој уличен перформанс, едно куче го живеело.

Во текот на театарски перформанс во Турција, претставата налагала од актерот Нуман Ертуѓрул Узунсој да легне на земјата, повреден. Секако, повредата била преправање.

Но, едно четириного членче од публиката не сфатило дека се работи за претстава, и поитало да му помогне на актерот! Узунсој глумел толку добро што кученцето мислело дека навистина е во болки и неволја, па пошло да му помогне. За среќа, овој момент е фатен и на видео.

 

„Ликот кој го играв беше повреден и во огромна болка. Имаше паднато од коњ и тешко дишеше. Прво, полувствував топлина на лицето и мислев дека мојот колега ми се приближува, но тоа не беше дел од сценариото. Потоа, сфатив што се случува и не можев да не се насмевнам. Бев многу среќен кога ги почувствував бакнежите на кученцето. Тоа ме трогна. Беше како неочекувано ангелче кое сакаше да ми помогне“ – вика Узунсој.

Погледнете го видеото: