Чек дис аут
Search


Улиците во Јужна Кореја се претвораат во прекрасни мурали кога врне! (ФОТО)

Група дизајнери од Јужна Кореја пронајдоа начин да се изборат против сивите денови кои се исполнети со врнежи од дожд. Тие ги вратија боите во Сеул, создавајќи огромни живописни слики на улиците кои се појавуваат кога врне.

Нивниот проект насловен како „Проект монсун“ создаден е да ги разубави деновите исплнети со монсунски врнежи во Сеул кои траат цели три недели и ги тераат луѓето да останат во своите домови додека временските услови не се подобрат. Уметниците користеле посебна хидрохромна боја, која останува невидлива додека не се навлажни.

„Инспирирани од културата на Јужна Кореја со нагласување на важноста на протокот на реките, сликите ги користат топографските карактеристики на Кореја и на нив се нацртани риби со боите на виножитото, желки, па дури и розови китови. Деловите од улицата каде најчесто се формираат вирови се офарбани со светло-сина боја.

Затоа, доколку планирате да патувате во Сеул, земете чадор и уживајте, бидејќи дождливите денови на овие улици повеќе не се депресивни!




Коментари

коментари