Категории

Уметник користи стари гуми и ги претвора во креветчиња за миленици!

Постојат ситуации и гестови кои се случуваат секојдневно и едноставно ни го топат срцето, враќајќи ја довербата во човечноста.

Она што го прави овој бразилски уметник Амадилдо Силва во своето слободно време, вреди да биде прикажано. Како голем љубител на животните, тој одлучил да внесе среќа во нивните животи користејќи стари употребени гуми. Тој ги претвора гумите во удобни креветчиња за кучиња и мачиња.

Уште од рана возраст, тој уживал во правењето на рачни изработки со материјали кои луѓето повеќе не ги користеле. Тој сфатил дека кога веќе има способност да создаде нешто од отпадоците кои ги наоѓал, може да ја искористи својата вештина правејќи нешто корисно за општеството.

Тој почнал да се занимава со двете дејности кои ги сака – да им помага на животните и да користи веќе употребени предмети. Погледнете како изгледаат удобните креветчиња кои ги создава за милениците!