Уморна си, скршена си… Несреќна си и бесна… Но, не се откажувај од себе!

Уморна си, скршена си. Несреќна си, бесна си. Има надеж во тебе, но се прашуваш до кога треба да чекаш за да се случи нешто вистинско. Има надеж во тебе, но срцето ти се крши во потрагата по љубовта која ја заслужуваш. 

Не сакам да ти судам, само сакам да те потсетам дека поминуваш низ тежок период во последно време и тоа е во ред. Верувам дека си способна да се посветиш целосно на некоја личност која ќе докаже дека може да ти ја даде целата љубов која ја заслужуваш и нема да ги уништи твоите соништа.

Знам дека ти е преку глава да се бориш за некој кој на крај ќе си замине. Да ти недостига личноста која не заслужува ниту да ти помине низ глава, но ти си посилна отколку што мислиш и сакам да го искористам овој момент да ти го признаам тоа, да станеш свесна за својата вредност. Не се откажувај од себе. Време е да ја насочиш твојата љубов, енергија и време во личноста која го заслужува тоа… ТИ. Сакај се себеси без разлика на целата болка во срцето.

И кога ќе заборавиш колку вредиш, прочитај ги овие зборови.

 

r.h. Sin




Коментари

коментари