Најубавите работи се случуваат кога најмалку очекувате, а Мони и Војче се доказ за тоа. За време на годишниот одмор, сосема неочекувано за неговиот роденден, Војче одлучи да ја овековечи љубовта со својата сакана изненадувајќи ја со веренички прстен и целокупна организација за изнендувањето да биде уникатно и да предизвика солзи радосници.
Војче е познат во јавноста по своите виртуозни интерпретации на хармоника негувајќи ја и надоградувајќи ја традиционалната македонска музика како дел од група Маестро, додека Мони е дел од менаџерскиот тим на Среќа.мк и Happiness.marketing.
Среќа.мк и целиот тим на Happiness.marketing им посакуваат уште безброј среќни мигови, многу љубов и разбирање и вечно да имаат насмевки на своите лица!
Во продолжение погледнете како изгледаше ова уникатно запросување.