Категории

Упатство за мажи: Еве како жените сакаат да им ги допирате градите?

Дали масажи или пак нежни стискања или допири со силен интензитет? Некои работи се пријатни и сензуални, а некои водат до силна иритација кај девојката.

Што е тоа што вашата девојка го посакува? Еве неколку совети:

– Допирајте ги градите стоејќи позади неа и притоа масирајте ги сензуално. Така нема да може да види што правите па ќе биде повозбудена.

– Бакнежите и всмукувањата можат да бидат многу возбудливи, но ако се концентрирате исклучиво на брадавиците и влечете силно, тогаш доаѓа до иритација и чувство на непријатност. Концентрирајте се и на кожата околу брадавиците.

– Допирањето на градите под туш е идеално за предигра. Топлата вода ги шири крвните садови, а сапунот делува како лубрикант, па допирите стануваат  многу посензуални.

– Додека ја соблекувате протријте ги врвовите на нејзините гради преку градникот. Тоа ќе и даде едно посебно чувство.

– Жените сакаат нежна масажа на градите со повремени стисоци во кои опфатена е целата града, наместо постојани стискања. Не применувајте подолг период и ист притисок на градата.

– Обратете внимание на тоа дали ги трга вашите раце од нејзините гради. Тоа значи дека сака да преминете на нешто друго или пак не и се допаѓа токму тој начин на допирање.

– За да откритете колкав интензитет на допири сака на брадавиците, испробајте на себе си. Мажите и жените имаат подеднаков број на нервни завршетоци.

Прегледи:
570
Објавено на:
05.03.2016